ООУ„ВЕРА ЦИРИВИРИ- ТРЕНА“
ГОРДОСТА НА ОПШТИНА КАРПОШ

Рециклирање

Рециклирањето е процес на преработка на продуктите што се наоѓаат во отпадот, при што тие служат како суровини за производство на нови продукти. Ова е неједноставната дефиниција за тоа што преставува рециклажата. Самиот процес вклучува собирање, селектирање и преработка на материјалите како би се користеле за производство на нови производи. Најчесто рециклирани материјали се хартија, стакло, картон, пет амбалажа, метали, батерии...
 
Типови пластика и нивно рециклирање
 
Пред рециклирањето пластиката се групира според идентификациските кодови, симболи кои се развиени во 1988.
Симболите кои се користат за идентификација на пластиката, се составени од три стрелки кои што се насочени според движењето на часовникот во форма на триаголник, а во средина на триаголникот се наоѓа број, а под него ознаки за видот на пластиката.
 

 

Тип 1 - ПЕТЕ Полиетилен терефталат (ПЕТ) – шишиња за вода и газирани пијалаци, некои шишинња за детергенти, некои водоотпорни пакувања.
Тип 2 - ХДПЕ Полиетилен со висока густина – шишиња за млеко, детергент, масло, некои пластични вреќи и играчки.
Тип 3 - В Винил/Поливинил Хлорид (ПВЦ) – обвивка за храна, шишиња за растително масло, пакување во облик на плико, некои играчки.
Тип 4 - ЛДПЕ Полиетилен со ниска густина – многу пластични вреќи. Обвивки за замрзнувач, вреќи за облека.
Тип 5 - ПП Полипропилен – пакување за фрижидер, некои вреќи, повеќето капачиња за шишиња, некои ќилими, некои обвивки за храна.
Тип 6 - ПС Полистирен – прибор за една употреба, пакување за месо, заштитни пакувања.
Тип 7 - ДРУГИ Обично тоа се повеќеслојна и мешана пластика. Нема потенцијал за рециклирање. Мора да биде закопана во земја.
 
Типовите 1 и 2 често се рециклираат. Типот 4 поретко се рециклира, а другите типови не се рециклираат освен можеби за мали програми за тестирање

 

 

 

 

 

Совети за рециклирање и зачувување на човековата околина

Преку нашите навики и нашето однесување мора да развиеме пријателски однос спрема нашата околина.
Да се потрудиме да го сортираме нашиот домашен смет и да го одложуваме  во контејнерите за што се наменети (стакло, пластика, хартија, метал...) Отстранете ги капачињата за да може да се згмечат пластичните садови.

 

Да купуваме производи кои не се штетни по нашата околина.
Да купуваме производи кои можат да се рециклираат.
Да купуваме производи кои се направени од рециклиран материјал и кои можеме повеќе пати да ги употребуваме. Да избегнуваме производи за еднократна употреба (ќеси, пластичен прибор за јадење, жилети...)
Да носиме со себе торба за купување, да избегнуваме пластични и хартиени ќеси.
Да купуваме пијалоци со повратна амбалажа.
Да користиме батерии кои повторно се полнат.

Само на овој начин ќе ја сочуваме нашата околина чиста, таа знае како нас да ни врати!

Free business joomla templates